Заминувањето во вечноста на легендарниот кошаркар од НБА-лигата Коби Брајнт не остави никого рамнодушен ширум планетава. Италјанскиот град Реџо Емилија во северна Италија каде што ги направи своите први кошаркарски чекори легендарниот Коби, одлучи во негова чест плоштадот пред спортската сала да го именува со неговото име. Ова го најави градоначалник на Реџо Емилија, Лука Веќи.
Коби мина неколку години во овој град кога неговиот татко играше кошарка во Италија.