– Поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон денеска ги замоли своите приврзаници за донации во пари, откако шпанскиот суд нареди тој и уште 19 каталонски лидери да вратат 4,1 милиони евра јавни пари потрошени за организирање на забранетиот референдум за независност.
Референдумот за независност на Каталонија беше оддржан на 1 октомври 2017 година, по што Пуџдемон и уште неколкумина заговорници на независноста на покраината од Шпанија побегнаа во странство.
„Доколку сте гласале на 1 октомври, сега ни требате”, напиша Пуџдемон на Твитер и објави линк од сметката во банката.
Пуџдемон, кој во моментов живее во егзил во Белгија, кажа дека кабинетот на државниот ревизор нему и на останатите каталонски лидери им кажал дека имаат две недели да ги вратат парите или во спротивно ќе им бидат блокирани сите банкарски сметки.
Кабинетот на ревизорот, што го надлегува трошењето на парите на политичките партии, не беше достапен за коментар.