Триесет и четиригодишен маж е уапсен на рок-концерт во Амстердам, поради грабеж на мобилни телефони. Холандската полиција го фатила со 30 телефони, кои ги сокрил во неговиот тесен шорц.
Се претпоставува дека тој е член на банда крадци кои крадат масовно на концерти. Тој бил спречен кога присутните на концертот ја информирале полицијата, по што веднаш биле затворени сите излези.
Дополнителни полициски службеници отишле на концерт „Сум 41“ во Амстердам, по повик на белгиската полиција, каде пак биле украдени 50 мобилни телефони.
Сè уште не е јасно дали осомничениот, инаку државјанин на Романија, имал соучесник на концертот на канадскиот рок бенд во Амстердам, кој се одржал на 21 јануари.