Сити му даде нов договор на Фернандињо

– Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Фернандињо, потпиша договор за уште една година, објавија од „Етихад”. 34-годишниот играч од средниот ред потпиша договор до летото 2021 година.
Бразилецот е еден од клучните играчи на Пеп Гвардиола, а почесто делува како централен дефанзивец оваа сезона.

– Ова е најдобрата можна вест. Сакам да ја искористам оваа прилика да кажам колку сум им благодарен на моите соиграчи и на штабот на Сити. Без нив, ова не би било можно. Значи – искрена благодарност до секој од нив. Уживам во секоја секунда тука. Никогаш не очекував да изградам толку силна врска со клубот и навивачите, рече Фернандињо.

Следната сезона ќе биде под број 8 за Бразилецот во Сити. Во шест и пол сезони тој ја има освоено Премиер лигата трипати, еднаш ФА Купот и четири пати Лига Купот.

Треба да знаете
Последни објави