Германскиот весник „Шпигел“ погрешно објави на социјалните мрежи дека американската војска го ослободила концентрациониот логор „Аушвиц“.
Во постот што го објавил „Шпигел“, Аушвиц бил најголемиот нацистички логор на смртта кој пред 75 години бил ослободен од американската војска.
Корисниците на мрежата први укажале на објавата.
Потоа, неделникот се извинил за непријатната грешка, истакнувајќи дека критиката на своја адреса ја смета за правична казна.
„Шпигел“ ја поправил својата објава, укажувајќи дека логорот бил ослободен од Црвената армија