Хеликоптерот на Коби петнаесетина минути кружел над зоолошката градина во Лос Анџелес

Хеликоптерот во кој во се наоѓаше легендарниот НБА-ѕвезда Коби Брајант што се урна во близината на Лос Анџелес, со осум сопатници во лоши временски услови поради густа магла тргнал на кошаркарски турнир каде требало да настапи неговата 13-годишна ќерка Џиана Марија. За жал, тие и нивните пријатели не пристигнаа на нивната дестинација. Се случи трагична несреќа во која нема преживеани.

Хеликоптерот на Коби полетал од округот Оринџ, каде што Брајант живеел со семејството иако временските услови не ги исполнувале минималните стандарди за летање. Хеликоптерот требал да се упати кон Илјада Оукс каде требало да игра неговата ќерка. Поради густата магла, пилотот делувал збунето е впечатокот од преслушувањето на снимениот разговорот со контролната кула. Леталото кружело 15 минути над зоолошката градина во Лос Анџелес, а потоа се упатило кон Илјада Оукс.

Откако пилотот бил предупреден дека лета премногу ниско, тој ја зголемил надморската височина, но потоа се свртел кон планините во Калабасас предел во кој ја изгубил повторно надморска височина. Врската со хеликоптерот била прекината неколку моменти пред  тој да удари во планината.Густа магла во неделата наутро го имаше покриено поголемиот дел од Лос Анџелес, па дури и полицијата ги приземјила своите хеликоптери, бидејќи видливоста била многу лоша. Во вакви временски услови се кренал само хеликоптер во кој бил Брајант и осум други загинати во несреќата.

 

Треба да знаете
Последни објави