Високиот офицер на америанската ЦИА, Мајкл Д‘Андреа, кој, според прелиминарните податоци го организирал убиството на иранскиот генерал, Касем Сулејмани, загинал во Авганистан, пренесува рускиот сајт „Аргументи“.
Како што наведува порталот, иранската агенција „Мехр“, повикувајќи се на извори од руската разузнавачка служба, тврди дека офицерот на ЦИА загинал во падот на американскиот воен авион во Авганистан.
Началникот на Генералштабот на американското воено воздухопловство, генерал Дејвид Голдфајн, потврди дека Америка во Авганистан изгубила еден свој авион за комуникациски мрежи „Бомбардиер Е-11А“. Тој не даде детали за причините за падот и рече дека засега не се достапни информации за жртви.
Командантот на елитната иранска единица „Кудс“, Касем Сулејмани, беше убиен во напад на аеродромот во Багдад од страна на САД. Администрацијата го оправда убиството со наводните подготовки за напади на американски амбасади од страна на Сулејмани.