Ѓоковиќ се избори за полуфинална пресметка со Федерер на Австралија опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во полуфиналето на првиот сезонски гренд-слем турнир Австралија опен, откако денеска го совлада Милош Раониќ од Канада во второто четвртфинале.

Бранителот на трофејот Ѓоковиќ победи со максимални 3-0, по сетови 6:4, 6:3 и 7:6 за нешто помалку од три часа игра.

Во полуфиналето, Ѓоковиќ ќе се сретне со швајцарскиот тенисер Роџер Федерер кој го совлада Тенис Сандгрен со 3-2.

Новак Ѓоковиќ е втор носител, на турнирот во Мелбурн. Досега има настапувано во седум полуфинални мечеви на овој турнир и во сите нив извојувал победа.

Воедно, ова ќе биде 50. пресметка меѓу Ѓоковиќ и Федерер. Досегашниот биланс е 26:23 за Србинот.

Треба да знаете
Последни објави