– Одборот за жалби на АБА лигата ја потврди првичната казна за МЗТ Скопје за лоша организација на натпреварот со Сутјеска.
Аеродромци ја обжалија одлуката да платат 15.001 евро и еден меч да играат пред празни трибини, но телото при регионалното кошаркарско натпреварување ги одби.
Казната за „сино-белите” е навреди и плукање на навивачите кон српскиот судија Марко Јурас во мечот со Сутјеска поради што, најпрво, беше испразнета една трибина, а потоа и целата сала.