Холанѓанецот Стивен Бергвајн е трето засилување за Тотенхем во зимскиот преоден рок. Досегашниот напаѓач на ПСВ Ајндховен потпиша шестгодишен договор за сума од 32 милиони евра.
Тимот на Жозе Мурињо претходно ги обезбеди услугите на Жедсон Фернандеш од Бенфика и на Џовани Ло Селсо чиј договор беше откупен од Бетис.
Бергвајн одигра вкупно 146 меча за екипата од „Филипс арена” во кои постигна 31 гол од кои пет во 16. натпревари во оваа сезона. За холандската репрезентација досега забележа седум настапи.