Ванг Менгјун, Кинезинка која има мега популарна интернет-емисија за патувања, јавно му се извини на светот откако се појави нејзиното старо видео од 2016 година, на кое се гледа како со сопствени раце кине лилјак и го јаде.
Видеото повторно стана актуелно поради појавата на епидемија на коронавирусот. Тригодишното видео беше вирално поради сомневање дека вирусот се појавил на пазарот во Вухан, каде што се продаваат за консумирање повеќе од 100 видови на диви животни, меѓу кои и лилјаци.
Научниците најпрво објавија дека вирусот потекнува од змии и лилјаци, па така и видеото, во кое Менгјун јаде лилјаци, само дополнително ги разоткрива сомневањата дека коронавирусот се појавил поради „познатите специјалитети“ кои можат да се најдат на разни саеми во Кина.
Во контроверзното видео, Менгјун им рече на своите гледачи дека месото од лилјак е слично на пилешкото и дека нивното месо е многу хранливо. Потоа го зеде лилјакот за крилјата и го раскина, а подоцна го преполови и остатокот.
„Жал ми е, ве молам простете ми. Не требаше да го изедам тој лилјак“, во јавно писмо објави Менгју, која го снимила видеото за да ги покаже локалните специјалитети.