Земјотрес со јачина од 5,4 степени во близина на Јапонија

Земјотрес со јачина од 5,4 степени се случи во близина на брегот на јапонската префектура Окинава, соопшти Jапонската метеоролошка агенција, пренесува „Спутник“.

Земјотресот е регистриран во 8:39 часот по локално време (23:39 GMT во вторникот) со епицентар на длабочина од 18,6 милји западно од Окинава. Во извештајот се посочува дека земјотресот не претставувал никаков ризик од цунами.

Јапонија се наоѓа во сеизмички активна зона позната како Огнен прстен и редовно страда од силни земјотреси. Во 2011 година, земјотрес со јачина од 9,0 степени и последователното цунами убија над 15.000 луѓе и ја предизвика катастрофата во нуклеарната централа Фукушима.

Треба да знаете
Последни објави