Кошаркарите во најсилната лига на светот НБА, во знак на почит кон трагично загинатиот Коби Брајант почнаа да ги оставаат броевите со кои настапуваше во ова натпреварување легендата. Играчите од различни тимови кои ги носеа бројевите 8 и 24 решија да ги заменат со други во чест Коби. Меѓу првите кој го направи овој потег е Спенсер Динвиди, кошаркарот на Бруклин.
Тој играше во дресот со број 8, со кој Коби одигра во ЛА Лејкерс половина од својата кариера. Во неговова чест Динвиди се откажа од бројот 8 и го замени бројот 26. До овој број 26 кошаркарот на Бруклин дојде со збирот од бројот 24 што го носеше подоцна Коби и бројот 2 кој го носеше неговата ќерка Џана, која исто така почина во хеликоптерска несреќа.
Голем број на играчи се очекува да го сторат истото во наредните денови, а некои пак најавуваат дека ќе го сторат спротивното.