На денешното рочиште за „Рекет“ сведочеше Мери Дика Ѓеоргиевска, судијка во Апелациониот суд воСкопје, која рече дека со Бојан Јовановски се во кумовски односи.
-Бојан Јовановски го знам од дете. Со неговата мајка се знам повеќе од 50 години. Јас колку што знам, после неговото враќање од Белград, работеше на проекти за заштита на ранливи категории. Во 2017 година Бојан кажа дека е избран да биде претседател на Меѓународниот сојуз за Македонија. На тој настан имаше видни луѓе, а јас бев поканета како гостин, изјави Георгиевска.
Таа рече дека иако била на основањето не знае многу за работата на Сојузот, но и дека нејзината сестра Агапи Дика беше претседател на Собранието на Меѓународниот сојуз.
Дика додава дека Бојан Јовановски заработувал преку проекти од ЕУ, а значително му се подобрила финансиската положба откако ја отворил 1ТВ.
За време на прашањето на обвинителката Гордана Смаќоска до сведокот дали Бојан Јовановски купувал возило и како тоа било набавено, тој се крстеше во судница.
Мери Дика заедно со Бојан Јовановски патувале и во Милано.
За денеска се предвидени да сведочат и Лила Филиповска, Сања Димовска, Агапи Дика и Весна Костовска