„Од пријател слушнав за несреќата. Прво мислев дека сака да зборува за Џејмс и Коби и рекордот, но потоа ми кажа да седнам и ми откри што се случило. Не можев да верувам, бев шокиран. Зборував со децата за Коби, а потоа телефонот почна да ѕвони без прекин. Ми се јави најдобриот пријател и кога кренав слушалка ми кажа: Па ти жив си бил. Не ми беше јасно што зборува, но потоа се јавија мајка ми, сестра ми и многу други. Морав на сите да им објаснам дека не сум бил во хеликоптерот“, открива Фокс.