Заканите за слободата на медиумите и безбедноста на новинарите станаа толку бројни, повторливи и сериозни, што го загрозуваат не само правото на граѓаните да бидат правилно информирани “, туку и стабилноста и правилното функционирање на нашето демократски општества ” е оценката на Парламентарното собрание на Советот на Европа, јавува дописникот на МИА од Стразбур.-
Според информациите објавени од Платформата на Советот на Европа за зајакнување на заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите, од 2015 до 25 ноември 2019 година убиени се 26 новинари, меѓу кои и 22 случаи на неказнивост за убиство , 109 новинари во моментот се наоѓаат во притвор и се забележани 638 сериозни нарушувања на слободата на печатот извршени во 39 земји.
Парламентарците од 47-те земји членки побараа од телата на Советот на Европа, вклучително и ПССЕ, да продолжат со својата акција во корист на безбедно опкружување за новинарите и другите медиумски актери во сите европски земји и пошироко, и целосно да се мобилизира за да ги поттикне земјите-членки „брзо и ефикасно да реагираат на секоја закана за слободата на медиумите”, со силно охрабрување и поддршка за спроведување на потребните реформи во овој поглед.
Во усвојувањето на резолуцијата, врз основа на извештајот подготвен од лорд Џорџ Фулкес (Велика Британија, СПЦ), парламентарците ги повикаа земјите-членки да создадат поволно и поддржувачко опкружување за медиумите и да го разгледаат нивното законодавство во овој поглед, со цел да се спречува злоупотреба на разни закони или одредби кои можат да влијаат на слободата на медиумите. Тие го осудија порастот на агресивното однесување и насилните вербални напади на политичарите и владините претставници против новинарите и ги повикаа „сите политички лидери да се борат против овој феномен”.
Додека проблемите се забележани на различни степени во повеќето земји, ПССЕ истакна дека ситуацијата во некои земји-членки „е многу загрижувачка” (Азербејџан, Унгарија, Малта, Руската Федерација и Турција) во однос на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите.
Во однос на медиумското опкружување како целина, ПССЕ го спомена и случајот со Северна Македонија: „дури и ако работата на новинарите останува прилично тешка и несигурна, оваа земја-членка се издвојува од 2018 година од другите земји од поранешна Југославија преку намален притисок и гонење на новинарите, се вели во извештајот на Фулекс.
Тоа е преточено и во предложената резолуција на ПССЕ, во која поздравува овој напредок.
-Исто така, треба да го поздравиме охрабрувачкиот напредок постигнат во Северна Македонија, каде притисокот и гонењето на новинарите значително се намалија- стои во резолуцијата на ПССЕ.