Чавков ќе штрајкува со глад

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков започнува штрајк со глад во штипскиот затвор откако не му било дозволено да оди на операција за колено, пренесува „Курир“

“Заради грубо кршење на Уставно загарантираното право на здравствена заштита, вградено и во Законот за извршување на кривични санкции, заради АРБИТРЕРНОТО толкување на правото на здравствена заштита од директорот на Казнено поправниот дом Штип, пристапувам кон ШТРАЈК со глад“, истакнал Чавков.

Во неговата жалба стои дека има уредна медицинска документација за потребата од оперативен зафат кој, како што вели, трае само два дена и документација за закажани датуми за преглед и операција.

Се додава дека со ова биле запознаени и одговорните раководители и директорот на КПД Штип, но го одбиле усно и медицинската документација ја игнорирале.

„Заради арбитрерното токување на позитивната обврска за здравствена заштита од државата, ќе бидат запознаени и Комитетот за превенција и заштита од тортура и ќе поднесам кривична пријава за сомневање за извршено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување како и тужба за кршење на уставно загарантираното право на здравствена заштита, вели Чавков.

Тој истакнува дека директорот на Установата не се ни воздржал да каже дека причина за арбитрерно толкување и попречување на операцијата без писмено да ме извести според него било и поради “ЗВУЧНОСТА” на моето име и презиме, што е ПРЕСЕДАН!!! Политичка координација заради попречување на правото на здравствена заштита е не само преседан туку и акт на системска тортура.”Додава тој.

Чавков бара писмено известување за причините поради кои му е одбиен оперативниот зафат, а смета дека тоа е така поради „звучноста“ на неговото име.Според Чавков, се работи за политичка координација заради попречување на правото на здравствена заштита и акт на системска тортура.

Чавков е осуден на 18 години затвор за терористичко загрозување на безбедноста во Собранието на 27 април.

Треба да знаете
Последни објави