Червар добива нова функција во хрватскиот ракомет

Зоран Гобац не е повеќе координатор за машкиот ракомет во Хрватскиот сојуз (ХРС). По освоениот сребрен медал на ЕП-2020 одлучи да се повлече од функцијата која ја извршуваше од стартот на самостојната хрватска репрезентација. Одлуката ќе ја потврди Управниот одбор на ХРС, кој треба да заседава во наредниве денови откако ќе бидат сумирани впечатоците од Стокхолм каде „коцкестите“ и во третиот обид загубија во финале на континенталн собир.

Според хрватските медиуми координацијата за машкиот репрезентативен ракомет ќе ја преземе трофејниот селектор Лино Червар, кој во иднина ќе ги именува селекторите и ќе ја надгледува работата со селекцијата. Червар сепак ќе ја предводи селекцијата на ОИ во Токио каде ќе му биде последниот селекторски ангажман, а потаоа целосно ќе се посвети на новата функција. Дотогаш во координацијата околу репрезентацијата ќа ја прави со своите асистенти во стручниот штаб.

Гобац не заминува од ракометот, ќе ја добие позицијата потпретседател на ХРС.

 

 

Треба да знаете
Последни објави