(Видео) Кина : Носат шишиња со вода на главата, а ги завиткаа и децата во пластика

Во Кина, каде што е жариштето на коронавирусот, постои голема побарувачка за маски кои речиси воопшто ги нема на пазарот, па луѓето се снаоѓаат како знаат и умеат.

Цели семејства се завиткани во пластика, откако во Кина и најголемиот дел од светот завладеа паника околу опасниот коронавирус, за кој некои научници велат дека сè повеќе потсетува на САРС.

На социјалните медиуми се шират фотографии и видеа од Кинези кои речиси целосно се завиткани во пластика, некои направиле маски дома користејќи пластични шишиња за вода и направиле две дупки за воздух.

Стотици нови заразени со коронавируси се појавуваат секој ден.

На аеродромот Ванкувер во Канада, едно кинеско семејство е забележано речиси целосно завиткано во пластика, дури и бебето коешто го носат во количка.

Во Шангај, маж пристигнал на аеродромот со импровизирана кацига, која ја пренаменил како заштитно средство против коронавирусот. Друг земал шише со вода и го прилагодил и така шета по аеродромот.

Треба да знаете
Последни објави