Првата кинеска болница за лекување заболени од коронавирус беше отворена во градот Хуанганг, во близина на Вухан, откако работници и волонтери претворија напуштената зграда во установа за итни случаи со 1.000 кревети за само два дена.
https://youtu.be/xuypbfaSV90
Првата група на пациенти е префрлена во Медицинскиот центар Даби во Хуанганг.
Дополнителното сместување за болните ќе биде клучно за прекумерниот медицински персонал во изолираната провинција Хубеи, што е центар на кризата.
Зградата на болницата првично била изградена како ново крило на Централната болница Хуанганг и требало да биде отворена во мај.
Сепак, локалните власти во петокот наредија завршената, но празна зграда да се користи за лекување пациенти со коронавирус, а подготовките почнаа во неделата.
До понеделник, сите кревети беа поставени како и инсталациите за струја, вода и интернет беа завршени. Повеќе од 500 работници и десетина градежни возила работеа два дена и ноќи за да ја завршат работата навреме.
Друга болница се гради од темели во близина на Вухан, и се очекува да биде завршена во текот на оваа недела, само една недела од почетокот на работите.
Болницата наречена Хоушенсан се наоѓа во западните предградија на Вухан, центар на новата епидемија на коронавирус, од кој досега животот го загубија најмалку 132 лица и заразени се повеќе од 6.000 луѓе.
Властите ангажираа четири градежни компании да комплетираат медицински центар на шест хектари со 1.000 кревети во округот Каидиан за една недела.
Болницата се очекува да ги прими првите пациенти на 3 февруари, јавуваат кинеските државни медиуми.
Кина гради најмалку четири болници за лекување заразени од коронавирусот за да го спречи ширењето на болеста.