Ким Тора најавува предвремени избори во Каталонија

Премиерот на Каталонија Ким Тора денеска изјави дека планира да распише предвремени парламентарни избори во шпанската покраина.

Тој додаде дека изборите ќе бидат распишани откако регионалниот парламент ќе го усвои буџетот на Каталонија за оваа година, но не прецизираше датум.

Мандатот на актуелната каталонска Влада истекува во 2021 година, но покраинскиот Парламент во понеделникот му го одзеде пратеничкиот мандат на Тора, затоа што ги игнорирал строгите правила на Шпанија за изборна пропаганда.

Треба да знаете
Последни објави