– Либан нема да го екстрадира поранешниот извршен директор на „Нисан” Карлос Госн во Јапонија, каде се соочува со серија финансиски обвиненија, објави денеска јапонската агенција Никеи, повикувајќи се на либански судски службеник.
Службеникот изјавил дека може да му се суди во Либан, ако властите се сомневаат во него за кривично дело.
Претходно во јануари, адвокатот на Госн даде висока оценка на судските постапки во Либан, откако истражните органи во земјата го испрашуваа поранешниот шеф на „Нисан”.
Кон крајот на декември, Карлос Гон го напушти Токио во обид да избегне судење за поголем број обвиненија.