ОН: Гутереш воздржан за мировниот план на Трамп за Блискиот Исток

– Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш е посветен на подршката кон Израел и Палестинците да постигнат мировен договор врз основа на резолуцијата на ОН, меѓународното право, билатералните договори и создавањето две држави во границите од пред израелско-палестинската војна од 1967 година, соопшти ОН откако американскиот претседател Доналд Трамп го изнесе својот план за Блискиот Исток .

Британските медиуми потсетуваат дека еден месец пред Трамп да ја преземе должноста американски претседател, во јануари 2017 година, Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која бара прекин на изградбата на еврејски населби на окупираните палестински територии.

За резолуцијата гласаа 14 земји членки на СБ на ОН, со само еден воздржан глас, на администрацијата на тогашниот претседател на САД Барак Обама.

Треба да знаете
Последни објави