– Амбасадорот на делегацијата на Европската унија во Албанија, Луиџи Сореца изјави дека Европската комисија ќе продолжи да врши притисок за започнување на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија.
„Европската комисија ќе продолжи да врши „притисок” “за започнување на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија. Паралелно, ќе се обиде да ја задржи динамика воспоставувајќи начини за подобрување на пристапниот процес, вклучително и методологијата за проширување и зајакната рамка за инвестирање”, напиша Сореца на Твитер.
Тој сто така нформира дека вчера се сретнал со португалскиот европратеник Изабел Сантос, која е известувач за Албанија на Европскиот Парламент,со која разговарале за изборните и правосудните реформи во Албанија.
„Одлична средба. Разговаравме за актуелната политичка состојба во земјата, вклучително и напредокот во реформите во правосудството и изборните реформи. Подготовките продолжуваат за нејзината посета на Тирана на 20 и 22 февруари , напиша Сореца по средбата во Брисел.