Tурција го отфрли мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток како обид за анексија на палестинска земја.
„Овој план е план за анексија што има за цел убивање на решението за две држави и кражба на палестинска земја”, соопшти турското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се отфрла изјавата на Трамп за Ерусалим како неделива престолнина на Израел и порача дека Ерусалим е „црвената линија”.
„Американскиот таканаречен мировен план е мртвороден. Палестинскиот народ и нивната земја не можат да се купат со пари”, се наведува во соопштението на турското МНР.Анкара порача дека нема да поддржи никаков план што не го прифаќаат Палестиниците.