Две истовремени сценарија засновани на популарната франшиза „Трансформери“ моментално се во фаза на развој, едното го напиша Џејмс Вандербилт а другото Џоби Харолд, пренесува Варајати.
Деталите зад двете сценарија се нејасни, но извори на таблоидот велат дека тие даваат можност за создавање повеќе приказни во самата франшиза.
Не е познато името на потенцијалниот режисер кој би бил вклучен во проектот, но веројатно е дека ќе има потполно нови улоги во продолженијата.
Вандербилт неодамна ја напиша комедијата Murder Mystery што се прикажува на Нетфликс, додека Харолд беше извршен продуцент на филмот на Џон Вик: Chapter 3 – Parabellum, а исто така го пишуваше и сценариото за Army of the Dead во режија на Зак Снајдер.
Paramount Pictures претходно има направено шест филмови за Трансформери, од кои пет ги режираше Мајкл Беј.