Таа истакна дека токму вербата во социјална правда, еднакви можности на жените и мажите, вклученост и учество на граѓаните во одлучувањето и постигнување општествена кохезија придонесоа за носење на нови законски решенија. Како такви таа го посочи законот за заштита и спречување на дискриминација, кој целосно одговара кон елиминирање на сите форми на дискриминација и е голем исчекор кон градењето на едно општество за сите.
Потоа, законот на Агенцијата за остварувањето на правата на заедниците под 20%, исто така мошне е значаен и новиот Закон за Основно образование, со кој сите деца на територијата на Република Северна Македонија се вклучени во образовниот систем. Во истиот се негуваат интеркултурните односи и процеси во кој се промовираат културните разлики и нивното премостување во поширок општествен мултиетнички и мултикултурен контекст.
Градиме интегрирано образование, преку стратегијата за интегрирана настава на македонски и албански јазик во одредени, средни училишта во Скопје – истакна Касапи.
Таа посочи дека денес создаваме политики за едно општество кои се однесуваат на сите граѓани и работиме на подигнување на свеста од најмала возраст како и спречување на верската и етничка нетрпеливост.
Денес ние веќе го живееме концептот на едно општество за сите, за нас тоа веќе е објективна реалност бидејќи токму новите законски решенија го овозможуваат тоа.
Политиките на СДСМ остануваат посветени кон креирање на едно општество за сите граѓани и во иднина – порача Касапи.