Јапонија ја одобри кандидатурата на Сапоро за организација на ЗОИ 2030

Јапонскиот олимписки комитет одлучи да ја одобри кандидатурата на Сапоро за домаќин на Зимските олимписки игри во 2030 година, објави „Кјодо”.

Сапоро првично сакаше да претендира за организатор на Игрите во 2026 година. Сепак, по земјотресот пред две години, ја поништи оваа одлука.

Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет Томас Бах, претходно го пофали Сапоро како кандидат за Олимпијадата во 2030 година.

Покрај тоа, Сапоро ќе биде домаќин на некои од натпреварите од Летните олимписки игри оваа година, бидејќи времето е поладно од Токио кој ја доби организацијата.

Сапоро беше домаќин на Зимските олимписки игри во 1972 година.

Треба да знаете
Последни објави