Познатиот канадски пејач Џастин Бибер им се придружи на многу луѓе во светот и бара да се промени досегашното лого на НБА поради Коби Брајант, кој почина на 26 јануари во хеликоптерска несреќа во Калабасас, Калифорнија.
Музичката ѕвезда на „Инстаграм“ објави фотографија на која е прикажано како треба да изгледа новото лого на НБА-лигата, на кое се наоѓа силуетата на славниот Коби Брајант.
„Променете го логото!“, напиша Бибер кусо, но јасно, проследено со десетици илјади коментари и објави во кои луѓето апелираат да се промени логото.
Иницијативата ја поддржа и раперот Ашер Рајмонд, кој сака исто лого на НБА како и Џастин Бибер.
Сегашното лого на НБА-лигата ја има силуетата на славниот Џери Вест, легендата на Лос Анџелес лејкерс.