Генералниот секретар и главен стратег на десничарско популистичката Слободарска партија на Австрија (ФПО), Херберт Кикл се сретна денеска во Берлин со раководството на Алтернатива за Германија (АфД), пишува Еурактив.
На заедничката прес-конференција по разговорите, почесниот лидер на АфД, Александар Гауланд, потврди дека ФПО е најблиската партија на германските десничарски популисти „во однос на културата, политиката и јазикот”.
Се додека двете партии не се изјаснат како ќе изгледа таквата соработка на конкретен план, Гауланд нагласи дека таа ќе се движи околу политиката за миграција и азил, како и заштитата на границите.
Кикл упати критика до германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер дека „е непостојан во заштитата на границите”.