– Австриската национална авиокомпанија, АУА, ги прекинува сите летови за Кина од вечерва до 9 февруари.
Претходно, германска „Луфтханза” и швајцарската „Свис” ги прекинаа летовите кон Кина поради новиот коронавирус.
Од Австрија, последниот лет за Кина, до 9 февруари, ќе се изврши вечерва, а се обезбедува враќање на авионот и екипажот.
Потоа, летовите ќе бидат прекинати поради „оперативни причини”, се вели во соопштението.