Бугарското обвинителството ги прекинува сите контакти со Претседателот, освен писмената коресподенција

Бугарскиот јавен обвинител Иван Гешев, имајќи го предвид строгото почитување на принципот на поделба на овластувањата, изјави дека Обвинителството прекинува каков било контакт со Претседателството, освен официјалната писмена коресподенција.

Прекинот на контактите ќе трае се до одлуката на Уставниот суд, кој треба да даде задолжително толкување на одредбата од член 103 од Уставот на Република Бугарија во врска со имунитетот на претседателот и потпретседателот.

Причина за таквото решение е потребата да се избегнат какви било сомнежи и обиди да се влијае врз институцијата, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Во одредбата се вели дека претседателот и потпретседателот на Бугарија немаат одговорност за дејствија, извршени при вршење на своите функции, освен при предавство и кршење на Уставот. Според членот, тие исто така не можат да бидат притворени и кривично гонети.

Обвинителството вчера објави дека утврдило голема веројатност за вмешаност во криминални активности на шефот на државата Румен Радев.

Во текот на кривичната постапка иницирана и спроведена од Специјалното јавно обвинителство, на 22 јануари 2020 година обвинители спроведоа сеопфатна анализа на доказите,меѓу кои и материјални докази вклучени во случајот (собрани преку употреба на специјални разузнавачки средства користени од ДАНС против командантот на ВВС, генерал мајор Ц.Ст.).

При извршената анализа пронајдени се податоци и докази „за висок степен на веројатност за вмешаност во кривична дејност, што е предмет на истрага, на лице кое врши висока државна должност – претседател на Република Бугарија, а идентификуваните евентуални кривични дела не се директно поврзани со извршувањето на неговата функција”, соопшти Обвинителството.

Треба да знаете
Последни објави