Вашингтон постигна 131 поен против Милвоки и пак загуби

Ефикасен кошаркарски натпреавр во НБА-лигата одиграа Вашингтон и Милвоки (151:131). Иако кошаркарите на Вашингтон на гостувањето кај Милвоки постигнаа дури 131 поен, загубија, бидејќи домаќините броеше до неверојатни 151. Резултатот по четвртини: 42:28, 46:35, 29:41 и 34:27.

Ова беше најефикасниот меч во НБА лигата од осумте одиграни ноќта меѓу вторник и среда.

Резултати на другите седум средби:
Шарлот – Њујорк 97:92
Филаделфија – Голден Стејт 115:104
Кливленд – Њу Орлеанс 111:125
Торонто – Атланта 130:114
Мемфис – Денвер 104:96
Мајами – Бостон 101:109
Далас – Феникс 104:133.

Натпреварот Лос Анџелес лејкерс – Лос Анџелес клиперс е одложен.

Лејкерс е лидери на Западот со 36 победи и 10 порази. Во Источната конференција убедливо прв е Милвоки бакс со 41 победа и шест загубени натпревари.

Треба да знаете
Последни објави