Дојавувачот за „бомбата“ во Сити Мол испраќал и смс пораки на скопјани да дојдат на разговор во полиција

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека единици на министерството извршија увид во трговскиот центар Сити мол и утврдено е дека станува збор за лажна дојава за бомба.

Министерството за внатрешни работи, исто така, ги информира граѓаните дека од истиот телефонски број , преку кој е лажно пријавена бомба во Сити Мол, на околу 40 граѓани во Скопје им се ипратени СМС пораки со покани да се јават во полициска станица на разговор.

Ги информираме граѓаните дека покани за разговор во полициска станица Министерството за внатрешни работи доставува со писмо на домашна адреса или преку телефонско јавување на надлежниот инспектор, а не преку СМС пораки.

Треба да знаете
Последни објави