Бранителот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски по денешното рочиште посочи дека е диксриминација што неговиот клиент и првообвинет во „Рекет“ се уште е во притвор.
-Дали не ви личи на доскриминација, двајца се со поблаги мерки, а најболниот во овој предмет е со судски притвор. Секогаш истите образложенија, семејна состојба, опасност од бегство. Не знам што ќе одлучи Апелациониот суд за притворот, но не ми е јасно зошто се продолжува притворот“, рече Дуковски.
Тој го дообјасни Јовановски, дека бараат меѓународна медицинска еваулација на досега извадените документи и прегледите.
-Дадени се во неколку странски земји, во Србија и во други земји, согласно ЗКП имаме право да го дадат своето мислење. Ете тоа е евалуација од друга земја“, рече Дуковски.
За наводниот криминал на Вилма Руисковска од четири милион евра, посочи да се праша Бојан Јовановски.
-Јас не знам, тоа може да го прашате ќе ви објасни детално за тоа Бојан Јовановски, рече Дуковски.