Лила не кажа зошто веќе не се пријатели со Боки

Водителката Лила Филиповска денеска по сведочењето за „Рекет“ даде кратка изјава.

-Јас ја кажав вистината. Оној кој сака да види, ќе го види видеото. Се кажав пред обвинителите и го кажав тоа транспарентно кон целата јавност. Се кажав внатре. Веројатно има причина зошто не сме пријатели повеќе, одговори Филиповска на прашањата од новинарите.

Таа во судницата рече дека му позајмила пари на Боки за ТВ1, како и дека оделе на одмор на Миконос кога Јовановски беше уапсен.

Треба да знаете
Последни објави