Окружниот суд во Хаг се прогласи денеска за ненадлежен во врска со случајот кој против поранешниот командант на израелските оружени сили Бени Ганц го покрена Холанѓанец со палестинско потекло, чии шестмина роднини загинале при бомбардирањето на Газа во 2014 година.
Судот одлучил дека нема јурисдикција да одлучува во граѓанската парница во која Палестинец барал отштета од Ганц, главниот политички противник на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и уште еден воен командант, поради нивната улога во бомбардирањето.
Судот ја образложил својата одлука со тоа што двајцата поранешни израелски команданта имаат имунитет.