Поранешниот англиски репрезентативец, Вејн Руни, го постигна својот прв гол за Дерби Каунти, синоќа во натпревар од 29. коло на Чемпионшип.
Руни го донесе својто тим во водство во 63.минута, но на крајот Дерби го загуби натпреварот со 3:2.
Воедно, ова беше прв гол за 34-годишниот фудбалер на едно англиско натпреварување по декември 2017 година. Тогаш Руни постигна гол за Евертон на средбата со Свонси.
Руни дојде во Дерби овој месец и веднаш ја доби капитенската лента.