– Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека разговарал со кинескиот претседател Си Џинпинг и дека Соединетите Американски Држави соработуваат со Кина во врска со коронавирусот.
– Ние сме многу поврзани со Кина за вирусот што се шири. Зборував со претседателот Си. Тесно соработуваме со Кина, рече Трамп за време на церемонијата на потпишување нов трговски договор на САД со Канада и Мексико во Белата куќа.