Франшизата „Трансформери“ се обновува со два нови филма

Две истовремени сценарија засновани на популарната франшиза „Трансформери“ моментално се во фаза на развој, едното го напиша Џејмс Вандербилт а другото Џоби Харолд, пренесува Варајати.

Деталите зад двете сценарија се нејасни, но извори на таблоидот велат дека тие даваат можност за создавање повеќе приказни во самата франшиза.

Не е познато името на потенцијалниот режисер кој би бил вклучен во проектот, но веројатно е дека ќе има потполно нови улоги во продолженијата.

Вандербилт неодамна ја напиша комедијата Murder Mystery што се прикажува на Нетфликс, додека Харолд беше извршен продуцент на филмот на Џон Вик: Chapter 3 – Parabellum, а исто така го пишуваше и сценариото за Army of the Dead во режија на Зак Снајдер.

Paramount Pictures претходно има направено шест филмови за Трансформери, од кои пет ги режираше Мајкл Беј.

Треба да знаете
Последни објави