Ѓорѓиевски: Четири милиони евра плаќале граѓаните за да ја задоволат патолошката желба за политичка одмазда на Спасовски и Заев

Интегрален текст од изјава на Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Четири милиони евра годишно плаќале граѓаните за да ја задоволат патолошката желба за политичка одмазда на најнеспособниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот ментор Зоран Заев. Четири милиони евра од буџетот се исплаќани годишно како штета по изгубените судски процеси кои се водени за незаконските смени и деградирања во МВР.

Наместо 60-тина супермодерни возила за итна медицинска помош или 200 полициски возила, секоја година Оливер Спасовски четири милиони евра трошел за да ја задоволи сопствената и потребата на неговиот шеф да се изживуваат со сите оние кои не размислувале криминално како нив двајца. Правдата е бавна, но жртвите на политичкото изживување во МВР ја дочекале.

Време е правдата да го стигне и лично Оливер Спасовски. Јавното обвинителство мора да покрене постапка против техничкиот премиер за расипничкото трошење на народните пари. Парите кои се истрошени заради нечија лична или партиска одмазда мора да бидат вратени во буџетот на Република Македонија.

Оливер Спасовски, Зоран Заев и СДСМ водени од тесно партиски интереси направиле ршум  во Министерството за внатрешни работи, непосредно пред формирањето техничка влада. За дваесетина дена во декември, заклучно со 25-ти биле издадени 1050 решенија, а само во последната недела 1.198 решенија за прераспределување. Овие решенија во најголем дел  се спротивни на законот за внатрешни работи, колективниот договор и правилникот за начинот на распоредување и унапредување во рамките на Министерството. Заради ваквото работење и партизирање се доведовме до дереџе како држава, криминалците слободно да хараат по улиците, а полицијата да биде нем сведок и статистичар на криминал.

СДСМ ја искористи полицијата за да создаде коалиција со подземјето и криминалот да поминене казнето во нашата земја. Ова мора да престане. Одговорност мора да има после 12 април. Оливер Спасовски и Заев се директни виновници за сите порази, криминали и неуспеси во нашата земја.“

Треба да знаете
Последни објави