Ја паркирала „корсата“ па и се запалила, пожарот зафатил „мерцедес“ и „берлинго“

На 28.01.2020 во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Отокар Кершованинастанал пожар во патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки.

Според пријавеното, А.А.(21) од с.Мирковци, скопско, откако го паркирала возилото забележала чад кај хаубата. Од пожарот биле зафатени уште две патнички возила – „мерцедес“, сопственост на А.Р.(44) и „цитроен берлинго“, сопственост на Л.С.(66), двајцата од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

 

Треба да знаете
Последни објави