Од домот на Катица Јанева во Скопје, при претресот за истрагата “Рекет” обвинителката Вилма Русковска одзела мобилен телефон, нотес како и кожна чанта од марката „Луј Витон”, рече на денешното рочиште за случајот „Рекет” обвинителката Ивана Трајчевска, читајќи ги материјалните докази.
-Одземена е и една аголна гарнитура, две фотелји и една дрвена маса, рече обвинителката Ивана Трајчевска.
Од канцеларијата на Јанева во СЈО пак биле биле одземени еден лаптоп, 1 двд, неколку УСБ, два надворешни хард диска…
Обвинителството при претресот во домот на обвинетиот Бојан Јовановски- Боки 13 одземало голем дел брендирана гардероба и разни други предмети, рече на денешното рочиште за случајот „Рекет” обвинителката Ивана Трајчевска, читајќи ги материјалните докази.
Во торба “луј витон” пак бизнисменот Орце Камчев стави еден милион евра, а со која од неговиот дом заминале Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец.