Крадци влегле во куќата на Били Џоел, уништени 12 мотоцикли

Сите мотоцикли на познатиот рокер Били Џоел биле руинирани од страна на крадци кои влегле во неговиот дом во текот на викендот, пренесуваат американските медиуми.

Хит-мејкерот на албумот  The Piano Man ја повикал полицијата во понеделникот (27 јануари) утрото кога открил дека некој влегол во неговата куќа во Лонг Ајленд и му го оштетил имотот.

Полицијата на округот Насау изјави за TMZ дека 12 мотори и домашната канцеларија на Џоел биле вандализирани, а се чини дека провалниците провалиле низ стаклена врата што води кон гаражата.

Сè уште нема информации што е украдено, и нема проценка на направената штета. Упадот се случил некое време помеѓу сабота и понеделник наутро во домот на Лонг Ајленд.

70-годишниот пејач, кој е познат ентузијаст за мотори, па дури и е сопственик на продавница за моторцикли, даде изјава во полицијата која трага по сторителите.

 

Треба да знаете
Последни објави