Жени мигрантки, повеќето од Авганистан, кои имаат побарано азил во Грција, а се сместени во прифатниот центар Морија на Лезбос, денеска организираа протест во главниот град на островот, Митилене.
Под паролата “Морија е пекол”, околу 300 жени и нивните деца побараа да бидат преместени од Морија и протестираа заради лошите здравствени услови во овој камп, пренесе агенцијата АНА-МПА.
Во моментов во кампот Морија на Лезбос се наоѓаат 19.500 баратели на азил, иако објектот е проектиран за само 2.480 бегалци.