Сите мотоцикли на познатиот рокер Били Џоел биле руинирани од страна на крадци кои влегле во неговиот дом во текот на викендот, пренесуваат американските медиуми.
Хит-мејкерот на албумот The Piano Man ја повикал полицијата во понеделникот (27 јануари) утрото кога открил дека некој влегол во неговата куќа во Лонг Ајленд и му го оштетил имотот.
Полицијата на округот Насау изјави за TMZ дека 12 мотори и домашната канцеларија на Џоел биле вандализирани, а се чини дека провалниците провалиле низ стаклена врата што води кон гаражата.
Сè уште нема информации што е украдено, и нема проценка на направената штета. Упадот се случил некое време помеѓу сабота и понеделник наутро во домот на Лонг Ајленд.
70-годишниот пејач, кој е познат ентузијаст за мотори, па дури и е сопственик на продавница за моторцикли, даде изјава во полицијата која трага по сторителите.