Протест против сместување на евакуираните од Вухан во Јужна Кореја

Во местото Џинчеон во Јужна Кореја се одржа протест против намерата на владата да ги смести евакуираните сонародници  од кинескиот град Вухан, каде што е жариштето на коронавирусот.

Демонстрантите со пластични шишиња со вода и картонски чаши го нападнаа заменик министерот за здравство Ким Ганг-Липа, кој ја посети областа за да им го појасни планот на жителите.

Полицијата соопшти дека дека некои демонстранти го тегнеле Ким и му ја скинале јакната.

Властите велат дека Ким не е повреден и дека присуствувал на состанокот на парламентарниот комитет.

Треба да знаете
Последни објави