Федерер: Знаев дека веројатноста денеска да победам беа минимални

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, по поразот од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија опен, рече дека шансите да го совлада Србинот денеска биле многу мали.

– Да бидам искрен, не мислев дека не можам да играм поради повредата. По четвртфиналето, се обидов да ја одморам ногата и не тренирав. Мислев дека можам да играм денес. Но не беше така. Знаев дека веројатноста да победам беше само три одсто, изјави 38-годишниот тениски ветеран.

Федерер загуби од Ѓоковиќ со 0-3, по сетови 6:7, 4:6 и 3:6 и не успеа да се пласира во финалето на Австралија опен.

Треба да знаете
Последни објави