Како што објави 24 Инфо, легендата на македонската и југословенската кошарка, Благоја Георгиевски Буштур загина ноќеска во сообраќајна несреќа во Кисела Вода.
Георгиевски управувал автомобил и поради лизгавиот коловоз излизгал и удрил во бетонските блокови покрај патот над Сервис Скендеровски.
Тој починал на самото место. Полицијата во моментов врши увид на местото, а сообраќајот е блокиран.