Лилард подобар од Вестрбук во победата на Портланд над Хјустон

Дејмиан Лилард одигра екстра мотовирано и го водеше Портланд до голема домашна победа 124-112 против Хјустон. Тој запиша „трипл-дабл“ со 36 поени, 11 асистенции и десет скока и го доби директниот дуел со лутиот ривал Расел Вестбрук, кој мечот го заврши со 39 поени, десет скока и шест асистенции.

Сан Антонио беше подобар од Јута (127-120) благодарение на одличната шутерска вечер на Демар Дерозан (38). Спарси им се вратија на победите и продолжија да сонуваат пласман во плеј-офот на крајот од сезоната.

Богдан Богдановиќ постигна 23 поени во поразот на Сакраменто пред своите гледачи од Оклахома Сити (100-120). Гостите беа преголем залак за младите кошаркари на „кралевите“, кои беа рамноправни само една четвртина.

Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќта среда кон четврток:
Индијана – Чикаго 115:106 (по продолжение)
Бруклин – Детроит 125:115
Њујорк – Мемфис 106:127
Сан Антонио – Јута 127:120
Портланд – Хјустон 125:112
Сакраменто – Оклахома 100:120.

Со биланс 36-10 (победи-порази) лидер во Западната конференција е Лос Анџелес лејкерс, додека на Исток води Милвоки со скор 41-6.

Треба да знаете
Последни објави